мај 15, 2017

Охрид, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Прашањата по сите наставни предмети од спроведувањето на екстерното тестирање, учениците можат да ги преземат од денес преку интернет страницата на Државниот испитен центар.

Исто така, отврена е можноста и за оставање на коментари и корекција на прашањата, доколку кандидатите не се согласуваат со некоја формулација на дадените прашања. Прашањата се прегледни според типот на образование, наставниот план и предмет.

Со регистрација, секој ученик може да го види датумот за полагање на предметите во неговото училиште.

Порталот за Јавната база на прашања за Екстерното тестирање е наменет за сите корисници кои сакаат да извршат преглед на прашањата кои ќе бидат дел од следниот циклус на проверување на постигањата на учениците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука