февруари 4, 2017

Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денес, секоја сабота во 17:30, гледачите на ТвМ телевизија ќе го следат новото шоу на охридскиот стендап комичар Никола Тодоровски, наречено „Министерство за комедија“.

– Ќе се потрудам на еден комичен сатиричен начин да ги коментирам сите оние работи кои што се случуваат во текот на неделата и се прилично тешки за сите нас. Да дадам еден поинаков агол на работите и едноставно да се релаксираме од притисокот кој ни го налагаат сите општествено, политички, економски и социјални случувања, вели Тодоровски.

Според него, политиката е неисцрпен извор на теми за шегување, но извор кој во Македонија и во светот во последнава деценија е премногу експлоатиран.

– Но, „Министерството за комедија“ нема ексклузивно да се фокусира на исмејување на политичките состојби, туку ќе се смееме на сите општествено економски и социјални моменти во Охрид и земјава, додава Тодоровски.

Првото издание утре премиерно ќе се емитува вечерва во 17:30, веднаш по дневникот на ТвМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТвМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука