Скопје/Охрид, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемија за 1,5 денари за литар, а цената на бензините е зголемена за 0,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на „еуросупер БС“ од 95 октани и на „еуросупер БС“ од 98 октани се зголемуваат за 0,50 денари за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар, а малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар.
Малопродажните цени на „еуродизел (Д-Е V)“ и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари за литар и од полноќ тие ќе се продаваат по цена од 54 денари за литар односно 42,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,794 за денари за килограм и изнесува 28,292 денари за килограм. (Крај)
извор: erc фото: архива