јули 30, 2017

Охрид, 30. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на летната туристичка сезона зачестена е појавата на граничните премини ширум Европа наши граѓани да користат патни исправи кои претходно ги пријавиле како изгубени или украдени, а откако ќе ги пронајдат се обидуваат да патуваат со истите, без притоа да го пријават пронаоѓањето во надлежните служби на МВР каде се издадени документите, информираат од ресорното министерство.

Со оглед на фактот дека сите патни исправи и лични документи кои се пријавени како изгубени или украдени, претставуваат неважечки документи и истите се внесуваат во базите на ИНТЕРПОЛ, при употреба на овие документи пред надлежни полициски органи насекаде низ светот, истите се одземаат и на граѓаните не им се дозволува продолжување на патувањето во земјата каде се употребени, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат апелираат до граѓаните кои претходно ги пријавиле своите патни исправи или лични документи за изгубени или украдени, во случај на нивно пронаоѓање задолжително да го пријават истото во надлежните служби на МВР каде се издадени документите, со цел избегнување дополнителни финансиски трошоци. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука