Охрид, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈЗУ „Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања“ од Охрид со повик до пациентите на претпазливост и придржување кон препораките за заштита од Корона вирусот.
– Ги замолуваме нашите редовни пациенти на кои им е ординирана хронична терапија и кои немаат новонастанати тегоби да ги одложат своите рутински контроли за извесен период. Препораката е во насока на нивна лична заштита и заштитата на сите останати пациенти. Строго се забранува присуство на придружници, во чекалните, пред амбулантите и останатите заеднички простории во болницата. Пред секоја амбуланта на располагање имате алкохол за дезинфекција на рацете. Истата задолжително да ја направите пред да влезете во амбуланта, порачаа на нивниот официјален профил на Facebook. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива