Охрид/Струга, 4. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Физички напад, пронајден кокаин, стружанец се оддалечил од домот… се само дел од информациите поместени во последниот Полициски Билтен.
На 3-ти август 2023 година, во 21:00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во куќа на улица „Бистрица“ во Охрид, 29-годишно лице физички го нападнало друго лице (54), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 4-ти август 2023 година, во 00:05 часот од просторот на поранешната касарна во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Косово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 4-ти август 2023 година, во 04:00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници приведоа 21-годишен охриѓанец. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа затоа што кај него бил пронајдоа и одзедоа метален пендрек. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 3-ти август 2023 година, во 10:00 часот во ОВР Струга, пријавено е дека 70-годишен стружанец се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес