Скопје/Охрид, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на Еуросупер БС – 95, на Еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар и ќе се точат за 63,51, односно 39,50 денари.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 останува иста, 65 денари за литар.
Пораст на цената има единствено кај мазутот кој ќе чини 26,287 денари за килограм. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21