Скопје/Охрид, 11. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, повисоки, цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар, па литар од овие горива ќе се точи за 66, односно 67,50 денари.
И Еуродизелот (Д-Е V) поскапува за половина денар и од полноќ ќе чини 54,50 денари.
Овие цени ќе важат во следниве две недели,а според најавите до крајот на годината ќе има уште една рекалкулација на цените. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40