Скопје/Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ послапуваат бензините.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика Цените на Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС – 98 се зголемуваат за половина денар, а цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени.
Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 69 денари.
Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 62 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 50,50 денари.
Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тој ќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.
Овие цени ќе важат во следните седум дена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива