Скопје/Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за два денари, додека пак цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Литар Еуродизел (Д-Е В) од полноќ ќе се точи за 51,5 денари. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети, 63,5, односно 65 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за денар и половина за литар и ќе чини 40 денари.
Со одлуката на Регулаторна за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,866 денари за килограм. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23