Скопје/Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бензините по исти цени, од полноќ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетија и оваа недела Еуросупер БС 95 ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а Еуросупер БС 98 по цена од 71,50 денар.
За половина денар се зголемува цената на дизелот иод полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Новата цена пак на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 52 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 дененари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15