јануари 28, 2022

Охрид, 28. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид се отвора како ковид центар, вели за Супер радио и OhridPress директорот на охридската Општа болница д-р Горан Балески.

– Модуларната не може да се отвори затоа што и немаме персонал што ќе ги опслужи пациенти. Ние мора да работиме и со друга патологија, со други болни, не може хирушкиот блок да послужи како ковид центар кога имаме по 10 карциноми неделно оперираме, има и други болести, не може две години да се лечат и да им се даде третман само на ковид пациенти, вели д-р Балески и додава дека капацитетите на инфективното и интерното одделение во охридската Општа болница за прием на ковид пациенти се исполнети.

Тој напоменува дека и меѓу персоналот има заболени, но со ротации од други одделенија успеваат да ги опслужат сите пациенти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука