септември 5, 2017

Охрид, 5. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Професор Д-р Јован Стојаноски ќе биде кандидатот на СДСМ за нов градоначалник на Охрид на изборите кои ќе се одржат на 15-ти октомври.

Информацијата денес и преку официјално соопштение ја потврдија од партијата и објавија уште неколку кандидати за градоначалници. Од партијата потенцираат дека „СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните“.

Стојаноски претходно ја доби довербата и на внатрепартиските избори кои се одржаа во февруари оваа година, а бил високо позициониран и на анкетите кои партијата ги спроведе во Охрид изминатиов период.

Стојаноски е долгогодишен професор ФТУ во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година, по што беше и координатор на советничката група на СДСМ во општинскиот совет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука