Охрид, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот месец сите корисници на вода на територијата на Општина Охрид ќе плаќаат дополнителен фиксен надоместок во висина од 70 денари.
Согласно законот за утврдување цени на водни услуги и согласно решение на Регулаторната комисија за енергетика моравме на управниот одбор на претпријатието да донесеме одлука за утврдување на тарифи за водни услуги, вели директорот на МЈП „Проаква“, Р.Е. Водовод – Охрид, Владимир Алексиески.
– Согласно решението на регулаторна се воведува фиксен надоместок за сите корисници во Општина Охрид. Регулаторна даде насоки според кои требаше да постапиме. Па така овој надоместок важи за сите физички лица без разлика дали се редовни, викенд станови или неактивни броила, рече Алексиески.
Тој посочи и дека ќе има сосема мала корекција на цената на водата и тоа од досегашните 25,50 денари, цена утврдена во 2001 година, сега ќе се плаќа 25,52 денари за метар кубен потрошена вода. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес