октомври 22, 2017

Охрид, 22. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Следниот викенд, поточно ноќта помеѓу сабота и недела ќе започне зимското сметање на времето.

Ноќта помеѓу 28-ми и 29-октомври, со поместување на стрелките на часовникот еден час наназад, времето во 3 часот наутро ќе се смета за 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука