јули 15, 2024

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од среда,17-ти до недела, 21-ви јули Охрид ќе биде домаќин на седмото издание на Beach Film Festival.

Фестивалот и годинава ќе понуди програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа на плажите „Славија“ и „Сараиште“, брод „Армада“ и Младински Центар Охрид.

Можеби е графика на текст

– Beach Film Festival секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот, велат организаторите.

Овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори филм „Живи и Здрави“ (Forever hold your peace), а во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот ќе се прикажат и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и филмови од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов, а за музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.

Како најава за годинашното фестивалско издание од 3-ти до 7-ми јули беа прикажани шпански филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука