Бурса, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во урагански ветрови кои ја зафатија земјата загинаа пет лица во Турција, а други 110 се повредени.
Ветровите зафатија неколку области во западниот дел на Турција.
Според гувернерот на провинција Бурса три лица загинаа, над 110 се повредени, 300 куќи останале без покриви, нанесени се штети на над 100 автомобили. Во провинцијата Баликешир две лица загинаа под урнати покриви на куќи.
Поради лошите временски услови се откажани 65 внатрешни и 59 меѓународни летови на авиокомпанијата “Turkish Airlines“. Запрени се и фериботите преку Босфорот, а во провинциите Бурса и Јалова ветрот остави без централно напојување многу населени места. (Крај)
извор: ОхридПрес/Анадолија фото: архива
Прочитано: 23