август 3, 2017

Охрид, 3. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 7-ми август во Охрид по трет пат ќе се одржува манифестацијата „Денови на мед“.

На плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот, на специјализирани штандови, пчеларите од околината на Охрид ќе ги изложат медот и производите од мед. Охриѓани и гостите ќе можат да дегустираат и да купат квалитетен планински,охридски мед, како и да се информираат за останатите пчеларски производи.

Манифестацијата ќе започне во 17 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука