јануари 22, 2017

Охрид, 22. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес завршува продолжениот зимски распуст за учениците од основното и средното образование.

Од утре учениците се повторно во школските клупи. Во второто полугодие ќе имаат неколку работни саботи, за одработување на дополнителните денови од зимскиот распуст, поради грипот и еден ден од спроведената акција Денот на дрвото која се реализираше на крајот на минатата година.

Учениците од завршните години, пак од 30-ти јануари ќе бидат екстерно тестирани.

За време на распустот школите беа обврзани да спроведат темелна дезинфекција, поради превенцијата од ширење на грипот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука