Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставници од фудбалскиот клуб „Св. Троица“ од Охрид, денеска донираа пакетчиња за првачињата во ООУ „Кочо Рацин“ во населбата Радоица Новичиќ и во Лакочереј.
– Од народот за народот. Денеска, по претходна хуманитарна акција во рамките на клубот, дониравме пакетчиња за сите првачиња во двете Основни училишта „Кочо Рацин“ во населбата Радоица Новичиќ и во Лакочереј. Благодарност до наставничкиот кадар во ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид, кои ни овозможија ова да се случи. Клубот ќе се стреми за организирање повеќе хуманитарни настани во иднина, со цел да го поттикне локалниот развој и поддршката на различни општествени групи, информираат од клубот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21