јули 11, 2019

Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Испорака на роба во стариот дел на градот ќе може да се врши во врменескиот период од 05:00 до 10:00 часот.

Поради тоа од локалната ги повикуваат економските оператори кои вршат испорака на стоки и производи во овој дел да поднесат документација за издавање на картички.

Картички за испорака на стоки и производи ќе добијат сите баратели кои ги исполнуваат условите, при што најголемата дозволена вкупна маса на возилата не смее да биде поголема од 5 тони.

Според најавите од понеделник, 15-ти јули стартува летниот сообраќаен режим. Системот е поприлично изменет во однос на минатата година.

– Во куќичката поставена во премиум зоната наспроти поштата за наплта на паркинг ќе е целиот систем за функционирање на рампите. Ќе имаме 24 часовен видео надзор на Горна порта и Каменско, како и физичко присуство за соодветно да се излезе во пресрет на граѓаните. На пример лицето на Горна порта, ако дојде некој со резервација во Стар град, тој ќе го комуницира центарот и оттаму ќе биде отворена рампата. Жителите на Стар град кои очекуваат гости од денес за утре ќе треба списокот на гости да го достават во центарот кај премиум зоната и таму ќе има список од секој турист кој треба да пристигне во Стар град. Ако го нема неговото возило на списокот, нема да биде пропуштен. Во текот на неделата ќе испечатиме и флаери кои ќе бидат разделени и каде се’ ова ќе биде подетално објаснето, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Секој ден во временскиот период од 19:00 до 05:00 часот на улиците „Цар Самоил” и „Коста Абраш” ќе има забрана за сообраќај, а целиот сообраќај ќе се одвива преку Горна порта и исклучниот пат за црква „Каменско”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука