мај 8, 2018

Охрид, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви јуни ќе започне новиот начин на отчитување на водомерните броила, преку поставените картички со бар кодови.

Директорот на охридски Водовод, Владимир Алексијоски за Супер радио и OhridPress изјави дека монтажата на бар кодовите е при крај и потенцира дека наишле на добар прием кај охридските домаќинства.

– Оваа новина ја воведовме во насока на контрола на потрошувачката на вода, како и полесно, точно и наверемено читање на водомерните броила, а со тоа и поголема заштита на корисниците. Преку софтверската апликација на читачот инкасаторот ќе ја регистрира состојбата на броилото, а податоците веднаш ќе стигнуваат и ќе се регистрираат кај нас, во системот за автоматска обработка на податоци, потенцира Алексијоски.

VladimirAleksieski

До крајот на овој месец ќе се комплетира поставувањето бар кодови на броилата во градското подачје, по што постапката ќе продолжи и со останатите броила со кои стопанисуваат.

Директорот Алексијоски околу реакциите на граѓаните за последните високи сметки за вода, рече дека отчитаната состојба е реална, бидејќи е пресметана и потрошена вода, која не била евидентирана. Тој порача до граѓаните кои добиле вакви сметки, да се обратат во канцелариите на охридски Водовод и да побараат плаќање на надоместокот на повеќе рати, во зависност од нивните можности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука