мај 28, 2017

Охрид/Скопје, 28. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 1 јуни годинава ќе почне да издаваат нови фито сертификати поради поголема заштита на домашното растително производство.

Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка која ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а покрај основните информации, прикажани на македонски и на уште пет други јазици, имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство. Истите ќе овозможат максимална заштита на домашното растително производство.

Минатата година, биле издадени 24.000 сертификати, од кои 20.000 за извоз и 4.000 за реекспорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука