октомври 14, 2017

Охрид, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сончевиот и релативно топол октомвриски ден ги измами охриѓани да ги напуштат домовите и да уживаат на брегот на Охридското Езеро.

Четиринаесеттиот ден од октомври еден од нив го искористи за капење во водите на езерото. Максималната температура во Охрид денес се искачи нешто над 20. степени.

oktomvrikapenje2– Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука