Оланд бара привремено паузирање од прием на нови членки во НАТО
Париз, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На привремено спречување на проширувањето на НАТО повикал францускиот претседател Франсоа Оланд.
Шефот на државата го кажал тоа на прес-конференција со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во Париз.
Според зборовите на Оланд, во моментов НАТО треба да даде пауза по приемот на земјите кои аплицираат за членство во пактот. Тој додаде дека проширувањето во моментов не е на дневен ред. (Крај)
извор: АФП фото: АФП
Прочитано: 24