Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот, општина Охрид објави јавен повик за промовирање на приватните станоиздавачи и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам.
Јавниот повик се однесува за онлајн промоцијата на туристичката понуда на веб страната на општината.
Може да аплицираат сите физички лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам.
Сите заинтересирани лица потребно е да доставаат информации од типот улица, мејл, телефон, веб страна, фотографии со висока резолуција на е-маил адресата: [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31