јули 30, 2017

Охрид, 30. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Опожарени се пет палми, заедно со тревникот околу нив, лоцирани на пешачката патека во Охрид.opozarenipalmi2

До овој момент нема потврдени информации за причините поради кои настанало опожарувањето и дали се работи за „дело“ на неодговорни поединци кои опожариле дел од прескапо платените дрвја поставени во овој дел на градот.

opozarenipalmi3Во Охрид беа засадени 200 влакнести палми, набавени од Кина, кои беа посадени низ централното градско подрачје, по шеталиштето на градскиот кеј, како и покрај пешачката патека, во непосредна близина на Центарот за обука на вода на АРМ и Станицата на езерската полиција.

opozarenipalmi4Секоја од засадените палми вреди 500 евра, а Јавното претпријатие „Македонски шуми“ набави околу 1.000. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука