Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јануари 2025 година, во 21:30 часот во СВР Охрид, 50-годишна жена од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улицата „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „БМВ х3“ со охридски регистарски ознаки.
– Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 53