Охрид, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Советот на општина Дебар на вонредната седница, одржана доцна синоќа, побара од Министерството за образование и наука итно да се донесе одлука за прекин на наставата на неодредено време.
Тие бараат да се зголеми и бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје и поголеми контроли врз угостителските објекти за нивото на дезинфекција.
И охриѓани се’ погласни на социјалните мрежи и бараат најмладите да не посетуваат настава се’ до конечна нормализација на состојбата со Корона вирусот.
– Се одложуваат спортски настани, а илјадници ученици секојдневно се во училиштата, најмладите се во детските градинки, студентите на факултетите. Во исто време кафеаните се полни секоја вечер, се организираат концерти со неколку илјади посетители, работат диско клубовите и сите останати места каде на едно место се собираат поголем број граѓани, реагираат граѓаните. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива