Дебрца, 13. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На предлог на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, на последната седница Советот едногласно одлучи од буџетот на општината да се одобрат 30.000 денари за лекувањето на 9-годишната Сандра Ническа.
На малата Сандра ѝ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.
Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:
Број за донации на А1: 143470
200002729851107 MKD
банка: Стопанска банка АД Скопје
SWIFT CODE:STOBMK2X
IBAN: MK07200002729853241 EUR
beneficiary: Lenche Nicheska
адреса: село Коњско, Охрид
Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива