март 9, 2017

Охрид, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Локалната самоуправа со допис реагира на соопштението на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, кое се однесуваше на донесувањето на Општиот акт за Лагадин и издаденото одобрение за градба на хотелски комплекс во оваа населба.

– Општина Охрид во целост останува на искажаните ставови од прес конференцијата одржана на ден 27.12.2016 година, каде на јавноста и беа презентирани сите документи кои се составен дел од постапката, стои во реакцијата.

Од локалната самоуправа во дописот потенцираат дека целокупната постапка за донесување на Општиот акт за Лагадин и издавањето на одобрението за градба на хотелскиот комплекс се водени во согласност со законски пропишаната процедура предвидена во Законот за градење и во Законот за просторно и урбанистичко планирање. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука