Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид по четврти пат издвои средства од буџетот за стипендирање на талентирани ученици и студенти од градот.
Станува збор за средства во износ од 1.242.000 денари наменети за стипендии за 50 основци и 42 средношколци, кои ќе добиваат месечно по 1.125 денари, како и 144.000 денари за стипендирање на осум талентирани студенти, за кои месечно општината ќе издвојува по 1.500 денари.
– Оваа година висината на средствата за талентирани ученици е повисока за 20 проценти во споредба со минатата година, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 40