Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го избра идејното решение на авторката Христина Лазеска за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид, согласно објавениот јавен конкурс.
Врз основа на критериумите наведени во Конкурсот, по прегледот на пристигнатите предлози Комисијата за спроведување избор на идејното решение ја донесе следната Одлука:
1. Предлог-идејно решение под шифра „415141“ од авторката Христина Лазеска го избра за најдобро лого кое одговара по основ на критериумите наведени во Конкурсот;
2. Предлог-идејно решение под шифра „КЛ-420“ од авторот Мартин Бибовски да ја добие втората награда и
3. Предлог-идејно решение под шифра „Феникс“, од авторката Марија Михајлоска да ја добие третата награда.
– Целта на логото е да се користи во кампањата „80 години Слободен Охрид“ во чии рамки ќе бидат одржани сите настани организирани или поддржани од Општината во периодот до 7-ми Ноември 2024 година. По повод големиот јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на самиот роденден на Охрид.
Општина Охрид упатува покана до сите јавни институции, здруженија на граѓани и медиуми да се вклучат во кампањата по повод јубилејот и да го користат избраното лого, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхирдПрес фото: архива