август 22, 2019

Охрид, 22. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид започна со подготовка на план за одржлива урбана мобилност – ПОУМ

Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.

– Овие активности се превземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растерети сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост, информираат од локалната самоуправа.

Во таа насока општина Охрид организира анкета која има за цел да го слушне предлогот на граѓаните.

Локалната самоуправа, во соработка со граѓаните сака да ја изработи визијата на планот за одржлива урбана мобилност. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука