Охрид, 23. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во најскоро време ќе го асфалтира делот од кружниот тек на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“ што беше оштетен поради санација на пукната цевка.
Оттаму за Супер радио и OhridPress велат дека причината што тоа досега не е направено е што коловозот на тој дел понира и постојано се надополнува со земја, па поради тоа не може да се асфалтира, а решение не е ни поставување на бекатон плочки. По стабилизирање на состојбата велат дека ќе се премине кон поставување асфалт.
Пред точно еден месец, пукнатата цевка кај кружниот тек, на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“ остави голем дел од Охрид без вода, предизвика поплавување на целиот коловоз на делот околу кружниот тек и создаде проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес