News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 28, 2024

Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на „Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Охрид аплицираше со барање за финансирање три под-проекти.

Станува збор за проектите:

– Основен проект за реконструкција спроведување на мерки за енергетска ефикасност ООУ „Христо Узунов“, КП бр.10246, КО Охрид 2, Охрид;
– Основен проект за реконструкција спроведување на мерки за енергетска ефикасност ООУ „Братство Единство“ во Лескајца Охрид, К.П. 14100/1 К.О. Охрид 3 и
– Основен проект за реконструкција спроведување на мерки за енергетска ефикасност ООУ „Св. Климент Охридски“, КО Охрид.

Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи „План за управување со животна средина и социјални работи” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектите. Овие документи се поставени за јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на Општина Охрид: http://ohrid.gov.mk/ на 25.10.2024 година.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука