Охрид, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид на македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој победи на 8. издание на спортската манифестација „Охрид трчат“ му додели 10 дневен престој во Охрид, како дел од подготовките за Олимписките игри во Париз.
– Како општина која го негува и во вистинска смисла на зборот го поддржува спортот и спортистите, на победникот на годинешното издание на „Охрид трчат“, покрај наградниот фонд кој го обезбеди организаторите, Општина Охрид на Дарио Ивановски му додели ваучер за 10 дневен престој во Охрид за подготовки. Нека овој мал придонес биде дополнителна мотивација за Дарио да го оствари најдобриот резултат на Олимписките игри во Париз, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива