Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид има намера да додели договор за Набавка и поставување на Адреналински парк во Касарната во Охрид, со финансиска помош од IPA II Annual Action Programme for the Republic of Macedonia for the year 2020 – EU for Municipalities, Подобрување На Услугите На Локалната Самоуправа Преку Иновативни Концепти, во рамки на Проектот Ohrid Go.
– Тендерското досие е достапно на www.ohrid.gov.mk, во менито Јавни огласи, а крајниот рок за поднесување на понудите е 10-ти јануари 2024 година, до 15:00 часот. Дополнителни информации или појаснувања/прашања може да се побараат на е-пошта: [email protected], како што е побарано во Упатството до понудувачите, информираат од Општина Охрид.
Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес