Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид распиша Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии, како и стипендиии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и Универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби за учебната 2021/2022 година.
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2021/2022 година
Општина Охрид за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии и тоа на ученици во основно и средно образование, како и на студенти, магистранти и докторанти кои се лица со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид.
Јавниот повик и правилникот можете да ги симнете од официјалната веб страна на Општина Охрид. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес