октомври 18, 2024

Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе свечености Општина Охрид и годинава ќе го одбележи 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Во вторник, 22-ри октомври во големата општинска сала ќе биде промовирана втората книга „За македонистиката отворено“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде д-р Бобан Карапејовски, а почетокот е закажан за во 12:00 часот.

Свеченоста по повод празникот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и богата културно-уметничка програма.

Во среда, 23-ти октомври од 10:00 часот во Градскиот парk ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука