Охрид, 5. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид со повик до граѓаните и правните лица со свои предлози да учествуваат во креирање на општинскиот буџет за следната календарска година.
– Локалната власт упатува повик до сите месни заедници, физички и правни лица да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година, соопштија од локалната самоуправа.
Предлозите ќе може да се доставуваат во понеделник, 11-ти ноември во малата сала во општинската зграда во период од 11:00 до 14:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 87