Општина Охрид ќе финансира предлог идеи од јавен интерес од областа на социјалната и здравствената заштита
декември 17, 2024

Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид донесе решение за финансирање на предлог идеи од јавен интерес од областа на социјалната и здравствената заштита кои ќе бидат составен дел од програмата за социјална и здравствена заштита за 2025 година.

– Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, согласно одредбите од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за вклопување на предог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на општина Охрид за 2025 година, број 09-14289/1 од 22.11.2024 година донесен од страна на Градоначалникот на општина Охрид. Согласно правилникот и објавениот Јавен повик за финасирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид за 2025 година број 29-14289/2 од 22.11.2024 година, а во согласност со Записник од работа на Комисијата бр. 29-14289/4 од 16.12.2024 година и Предлогот со извештај на доставените предлог идеи од јавен интерес од областа на социјалната заштита бр. 29-14289/5 од 16.12.2024 година на Комисијата за спроведување на јавниот конкурс бр. 09-14289/3 од 23.11.2024 година, Градоначалникот на Општина Охрид го донесе следното решение, информираат од локалната самоуправа.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука