Охрид, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 4-ти октомври 2024 година, на Самуиловата тврдина, со почеток во 12:00 часот, со пригоден настан ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самуил.
– Во рамки на настанот ќе биде изведена драмата „Херувимите на Самуиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското, драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Исто така предвиден е и музички настап на учениците од ООУ „Ванчо Николески“, под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска. Настанот ќе го проследат учениците од седмите одделенија од општинските основни училишта, информираат од локалната самоуправа.
Додаваат дека доколку не постојат погодни временски услови за одржување на настанот на просторот на Самуиловата тврдина, истиот ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид, во истиот термин. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива