Струга, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државната статистика регистрираше намалување на бројот на новородени деца во Струга за првите три месеци од 2017 година.
И покрај тоа, природниот прираст на населението во оваа општина, е во позитива и е со индекс 12.
Бројот на новородените деца во извештајниот период е 157, додека бројката на починати лица изнесува 145, од кои две биле новороденчиња.
Во овој период во Струга биле склучени вкупно 87 бракови, а имало 23 разводи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 12