февруари 17, 2018

Охрид, 17. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на советот, Живка Ангелоска, секретарот, Игор Бежоски и советникот Мишел Силјаноски беа во посета на општина Александровац, Република Србија.

Делегацијата беше гостин на свечената седница на градскиот совет, го посети Музејот за вино и лозарство како и останатите свечености по повод празникот на градот.

Aleksandrovac_1

Во рамки на посетата претставниците од општина Охрид остварија работна средба со првиот човек на Александровац, претседателот на Советот и мали стопанственици.

Во фокусот на разговорите била понатамошната соработка и идна имплементација на заеднички проекти од областа на взаемна промоција на традиционална храна и вино и еко-туризмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука