јули 31, 2019

Охрид, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На предлог на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Општинскиот комитет на партијата е освежен со 11 нови искусни лица.

– Истите се дел од општествениот живот со нивната професионалност и препознатливи со своите досегашни активности. Составот е освежен со следните членови: Наум Јамандиев – Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култура, Марија Смилески – Филозовски факултет – дефектологија, Климент Наумов – Докторант на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, Туристички водич, Даниела Ристова – Дипломиран филолог, професор по руски, Грација Бакраческа – Доктор, стоматолог, Горан Стојаноски – Актер, Ана Димитрова – Дипломиран правник, Ристе Јанкоски – Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култура, Горан Ѓоргиески – Економски факултет, Методија Анѓелкоски – Дипломиран информатичар и Антонио Раткушиноски – Економски факултет. Целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори, информираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука