март 2, 2017

Охрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, според програмата за работа за 2017 година предвидува реализација на повеќе проекти и активности.

Активностите ќе бидат насочени кон општата јавност и кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид. Предвидена е и едукација на целните групи за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот.

– Намерата е значително да се влијае кон подигнување на јавната свест за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници посебно на ранливите категории, намалување на сообраќајните незгоди, загуба на човечки животи, телесни повреди и материјални штети, велат од советот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука