јануари 28, 2015

Охрид, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 35-та седница.

На дневен ред ќе се најде Програмата за подобрување на ефикасноста и квалитетот на авто-такси превозот во Охрид.

Членовите на Советот ќе треба да гласаат за предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште за изградба на катна гаража, а ќе се произнесат и по предлог-одлуката за измена на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2015 година.

На дневен ред на денешната седница ќе има и многу точки од областа на урбанизмот, кои се однесуваат на вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука