Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на ОСУ „Св. Климент Охридски“ го освои првото место во машка конкуренција на општинските натпревари во ракомет, откако во финалето беше подобра од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.
– Со резултат 13:9, во финалето во најпопуларната спортска игра во Охрид, во машка конкуренција екипата на Гимназија беше подобра од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ и заслужено го освои првото место. Во полуфиналните натпревари, екипите на „угостителите“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ загубија и се пласираа на третото и четвртото место. Честитки за победниците и учесниците, информира професорот Наум Јамандиев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 171