Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешниот општински натпревар во футсал кој се одржа во Спортскиот центар „Климент Колески“, силите ги одмерија средношколците од Охрид.
– Во првиот натпревар се сретнаа екипите на Гимназија и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, во кој подобри беа учениците на ОЕМУЦ и заслужено се пласираа во финалето со екипата на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, која својот пат до финалето го заслужи по победата над „угостителите“ од РЦСОО „Ванчо Питошески“. Во финалната средба, екипата на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше подобра од „економистите“ со резултат 5:3, и заслужено ги продолжуваат натпреварите на повисоко ниво. Честитки на учениците и наставниците од ОЕМУЦ за успехот и фер плејот на годинешното општинско натпреварување, информира професорот Наум Јамандиев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива